Регион 19. декември 2020. / 19:48

Високи бројки на заразени со коронавирус во Хрватска, починаа 78 лица

Високи бројки на заразени со коронавирус во Хрватска, починаа 78 лица

Во последните 24 часа евидентирани се 2.752 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 20.118.

Меѓу нив, има 2.873 пациенти на болничко лекување (намалување во споредба со вчерашните 2.918), од кои 306 пациенти се на респиратор. Починаа 78 лица.