Регион 07. септември 2020. / 19:31

Вирологот кој се бореше со епидемијата на вариола вера во Белград откри дали ќе има втор бран коронавирус

Вирологот кој се бореше со епидемијата на вариола вера во Белград откри дали ќе има втор бран коронавирус

Ана Глигиќ од Србија, е виролог во пензија која во 1972 година била шеф на лабораторија во тек на епидемијата вариола вера во Белград, експерт кој ги познава вирусите многу добро и на чиј збор се верува.

Таа ги споделила своите предвидувања како вирусот ќе се однесува во месеците кои се пред нас, но зборувала и за руската вакцина.

Нема многу лесно да се ослободиме од вирусот. Постојат само две опации – или ќе дојдеме до колективен имунитет или ќе следува вакцинирање, за да го сведеме на најмала можна мера – рекла д-р Глигиќ.

На прашањето кога се очекува вториот бран, дала одговор кој малкумина од нас го очекуваат.

Нема да има втор бран. Ќе има само пикови. Ваквите вируси епидемиски се јавуваат на секои 4 до 7 години. Најпрво мора да згасне епидемијата ковид-19 во циркулација, па дури потоа може да се појави втор бран после неколку години. А, потоа повторно да се појави. Дали и тогаш ќе има епидемиски или пандемиски карактер тоа не знаеме – рекла таа.