Германскиот политичар Вили Вимер вели дека Косово како држава било планирано од крајот на 80-тите и дека неговата единствена цел е да биде „американски носач на авиони на земја“.
Вимер, во интервју за Вечерње новости, во кое се потсетува дека тој уште во 2000 година кажа дека Косово е „потребата на Америка да доминира со Балканот“, укажува дека од агресивната војна против СР ЈУгославија во 1999, НАТО предводено од САД не престанува со конфликтите.
Српскиот весник ја пренесува неговата изјава дека „воената коалиција во Вашингтон води постојана борба против претседателот Доналд Трамп бидејќи желбата им е војните да продолжат, а главната мета е Европа“.
Германскиот пратеник, државен секретар и потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, оценува дека евентуалната понуда до Србија да влезе во Европската Унија ако ја признае самопрогласената независност на Косово, е продолжување на војната против Србија.
–Ова барање е чудно. Со него се продолжува војната против Србија која мораше да биде сопрена пред инвазијата врз вашата земја, кажа Вимер.
Тој истакна и дека војната против СР Југославија била нелегална и дека „за решавање на конфликтот мора да се инсистира на изворната Резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН“ од 1999 година.