Регион 25. март 2019. / 11:23

(ВИДЕО) Вучиќ заплака на говорницата во Ниш

(ВИДЕО) Вучиќ заплака на говорницата во Ниш

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на одбележувањето 20. години од бомбардирањето во Србија, одржа говор во Ниш и се расплака на говорницата.

-Не ни мислев дека ќе видам волку луѓе, јас многу пати сум бил во Ниш но не сум го доживеал ова. Тоа е доказ дека народот се променил и дека ќе градиме слобода и мир, истакна Вучиќ.

Додаде дека никој не одговарал за српските цивили и дека за некого тие биле само грешка.

-За нас не беа грешка, не смееме да ги заборавиме. 20 години по бомбардирањето иднината е наша должност, рече Вучиќ и се расплака.