„Нема опасност да потпишам договор за признавање на независноста и точка. Го кажав тоа јасно и гласно“, истакна тој. Според него Србија не сака ни да го разгледува тоа прашање.
„Првиот документ што го добивме имаше наслов Економска нормализација. Двете страни пристигнаа и домаќинот ни подели документ, во кој нашата страна претходно немаше увид. Тој документ беше ужасно тежок, имаше 15 или 16 точки, а една од нив беше меѓусебно признавање. Јас го одбив тоа. Тоа не е никаква новост, само што ние сметавме дека тоа не треба да стои во документ за економска стабилизација. Од кабинетот на (американскиот претседател Доналд) ТРамп беа фер и нѐ сослушаа. Во другите документи таа одредба повеќе ја нема“, кажа Вучиќ.
Додаде дека има различни политички моменти, и истакна дека сепак е во тек борба. Дали ќе има други договори и состаноци на повисоко ниво, тоа засега не може да се каже, наведе српскиот претседател.
На прашањето какви се шансите утре да се сретне со Трамп, Вучиќ кажа дека се надева на тоа, но дека ништо не се знае во моментов, но дека сѐ зависи од преговорите кои вечерва продолжуваат.