Регион 22. декември 2019. / 19:45

(ВИДЕО) Возење низ кањонот Морача додека беснее силно невреме

(ВИДЕО) Возење низ кањонот Морача додека беснее силно невреме

Црна Гора денеска беше погодена од големо невреме. Kрајбрежните градови се најтешко погодени, откажани се летовите, поплавен е патот пред стариот град во Котор, а затворени се две улици како и шеталиштето во Доња Ластва во Тиват заради зголеменото ниво на водата.

Медиумите во Црна Гора објавија видео од возењето низ кањонот Морача.

Од тоа што може да се забележи на видеото, веднаш откако автомобилот излегува од тунел, бришачите на најголема брзина не може да постигнат да ја отстранат водата од предното стакло на возилото.