Регион 26. март 2020. / 18:33

(ВИДЕО) Во Зеница маж и жена се степаа за вреќа брашно

(ВИДЕО) Во Зеница маж и жена се степаа за вреќа брашно

Во медиумите во Босна и Херцеговина кружат снимки кои настанале во и пред супермаркет во градот Зеница, каде денеска маж и жена влегле во тепачка за вреќа брашно.

Како што пишува босански Аваз, сè се случило во населбата Мокушница во Зеница кога вербалниот конфликт меѓу маж и жена преминал во физичка пресметка.

Вработените во супермаркетот го снимале целиот инцидент, а видео од тепачката околу вреќа брашно сега кружи на Интернет и во медиумите. Не е познато дали полицијата на крајот пристигнала на местото на настанот.