Шест лица се повредени денеска во Анкара кога ретка песочна бура го зафати главниот град на Турција, пренесува дневниот весник Хуриет. Бурата ги погоди окрузите Олатли и Хајмана околу 15 часот по локално време.
Гувернерот на Анкара Васип Шахин рече дека шест лица се полесно повредени. Претходно државната управа за метеорологија издаде предупредување за силен дожд и бура.
На социјалните мрежи се појавија неколку снимки од песочната бура што ја погоди Анкара. На една од нив се гледа како песочната бура го „претвори“ денот во ноќ и тоа за неколку секунди.
Песочна бура е метеоролошки феномен карактеристичен за сувите и полусуви подрачја. Настанува кога силен ветер ќе понесе песок и прашина од суви површини. Честичките се пренесуваат со слатација и суспензија, предизвикувајќи ерозија на тлото на едно и депозиција на друго место.
Another time lapse video from Ankara sand storm.
Scarier pic.twitter.com/n3Lb6lQ3YE
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) September 12, 2020