Регион 24. јуни 2019. / 22:49

(ВИДЕО) Ужас во Косово: Жена киднапирана среде бел ден

(ВИДЕО) Ужас во Косово: Жена киднапирана среде бел ден

Утрово во Косово Поле, две лица на сила внеле во автомобил една жена и заминале од местото на настанот во непознат правец.

Оваа информацијата за „Телеграфи“ ја потврдила и портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети.

На видеото кое го објави „Клан Косова“ се гледа како две лица првично разговараат со жената, а потоа присилно ја ставаат во автомобилот.