Утринава околу 5.30 часот, оклопни единици на косовските специјални полициски сили РОСУ извршиле акција во северниот дел на Косово.
Како што објави српската национална телевизија, РТС, во акцијата учествувале повеќе од 25 оклопни возила и џипови, како и стотина специјалци.
Косовската полицја соопшти дека бил уапсен еден полицаец, поради поврзаност со убиството на Оливер Ивановиќ, како и уште еден осомничен кај кого било пронајдено оружје.
Оваа полициска акција е изведена врз основ на налог за претрес што го издаде Основниот суд, специјален оддел. Акцијата резултира со апсење на осомничениот полицаец Р.Б., кој бил вклучен во налого за претрес – се наведува во соопштението на косвската полиција.
Во соопштението се наведува и дека, покрај апсењето на вториот осомничен, се трага за уште еден осомничен полицаец, како и дека се запленети две парчиња оружје и муниција.
По апсењата, полициските сили се повлекле во јужниот дел на Косовска Митровица, а како што објавува РТС, во северниот дел од градот ситуацијата е мирна.
Денеска се навршуваат точно 21 месец откако политичарот Оливер Ивановиќ беше убиен пред својата канцеларија во северниот дел на Косовска Митровица. И порано имаше апсења во врска со тој случај, а неколку лица се наоѓаат во притвор.