Регион 08. март 2020. / 16:46

(ВИДЕО) Турско вoено возило ја пробива грчката ограда за да можат да влезат мигранти во Грција

(ВИДЕО) Турско вoено возило ја пробива грчката ограда за да можат да влезат мигранти во Грција

На видео снимка објавено од грчката влада во саботата навечер се гледа како турско возило со помош на сајла влече дел од оградата што ја подигна Грција на нејзината граница со Турција.

Видеото, снимено во петокот вечерта, објави „Катимерини“.

Жицата на границата веќе била оштетена од страна на емигрантите кои ја сечат при обидите за влегување во Европската Унија.