Грчкиот портал Екатимерини објави видеоснимка на неа која наводно се гледа како турската гранична полиција фрла солзавец од својата страна врз грчките колеги.
Солзавецот, наводно, бил фрлен од турската страна на границата во Еврос за време на судир на грчката полиција и емигрантите, кои насилно се обиделе да ја минат границата меѓу Турција и Грција.
Грчките власти, кои ја објавија снимката, наведоа дека турската полиција е стационирана 40 метри од границата и користела фрлач за испукување на солзавецот во тампон-зоната.
Коментарите на социјалните мрежи се поделени: додека едно коментарираат „Ова е објава на војна“, други прашуваат „Каде се тогаш емигрантите, ова се лажни веести“.
И грчките власти утринава испукаа солзавец и шок бомби за да ја одбијат навалата на емигрантите кои сакаат да влезат во земјата од Турција.
Судирите се случиле во близина на пограничното место Кастаниес, вдолж оградата на границата со Турција, која ја следи копнената линија до реката Еврос.
Turkish police deployed in Kastanies, Evros this morning, firing live ammunition and tear gas towards the Greek border guards. This is an orchestrated attempt to breach EU borders. Video released by GR MoD. Tweet your solidarity????#IStandWithGreecepic.twitter.com/Lo1nzK7K8S
— Κοντολογίς (@kontologis) March 4, 2020