Регион 30. декември 2020. / 09:28

(ВИДЕО) „Треба ли некому помош?“, потресни сцени од земјотресот во Хрватска

(ВИДЕО) „Треба ли некому помош?“, потресни сцени од земјотресот во Хрватска

По вчерашниот земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтер во Петриња се почувствуваа неколку послаби. Седум лица загинаа, а материјалната штета е огромна – во Петриња речиси и да нема зграда што да не е оштетена.

Поради големите и разорни штети на електричната мрежа, околу 2.000 граѓани од областа Сисак и околу 7.000 граѓани од областа Петриња се уште се без електрична енергија по земјотресот, а снабдувањето ќе се нормализира во текот на денешниот ден.

Но, она што навистина загрижува се урнатините кои ги има во градот Петриња, а и потресните видеа кои ни стигаат од таму. Во прилог видете каква беше состојбата вчера во Петриња.

– Беше премногу страшно, целата улица се мрдаше под нашите стапала, рече хрватскиот новинар кој ги сними овие сцени.