Регион 07. март 2019. / 21:08

(ВИДЕО) Трагедија во Косово: Kамион влета во пешаци, има и жртви

(ВИДЕО) Трагедија во Косово: Kамион влета во пешаци, има и жртви

Најмалку едно лице загина, а 20 се повредени во центарот на косовскиот град Гнилане, кога камион со голема брзина влетал во група пешаци, јавија приштинските медиуми, а пренесува „Б92“

Можам да потврдам дека едно лице почина од последиците од несреќата, а 20 се повредени, изјавил портпаролот на косовската полиција во Гнилане, Исмет Хасани.

Во несреќата учествувале 10 возила, а според портпаролот, истата ја предизвикал камионот коj удрил во автомобили и пешаци.

На вонредната прес-конференција, Хасани рече дека причината за несреќата биле технички проблеми.

Според него, возачот на камионот и неговиот совозач биле одведени во полициска станица на распит.