Регион 28. декември 2018. / 12:13

(Видео) Тачи ги потпиша законите за формирање Армија на Косово

(Видео) Тачи ги потпиша законите за формирање Армија на Косово

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, ги потпиша трите закони што го менуваат мандатот на Косовските безбедносни сили во Армија на Косово.

Станува збор за Законот за Министерство за одбрана, Законот за Косовските безбедноси сили и на Законот за службата на безбедносните сили, кои беа усвоени во косовското Собрание на 14 декември.

По потпишување на законите во неговиот кабинет во присуство на косовски војници, Тачи рече дека денеска се официјализира војската на Косово.

Сакам како претседател на Република Косово и врховен командант на војската на Косово да им честитам на командантот, на сите војници, офицери, народот на Косово и се заблагодарувам на меѓународната поддршка, на САД и на сите сојузници, рече Тачи.

Овој декрет стапува на сила на денот на потпишувањето.