Регион 17. мај 2020. / 13:46

(ВИДЕО) Судири на протестите во Тирана заради уривањето на националниот театар

(ВИДЕО) Судири на протестите во Тирана заради уривањето на националниот театар

Тензична состојбата во Тирана откако рано утрово околу 4:30 ласот силни полициски сили ја опколија зградата на Националниот театар. Присилно се отсрануваат граѓаните кои се обидуват да го пробијат полицискиот кордон, а десетици се приведени поради уривањето на објектот.

– Власта предвидена од страна на премиерот Еди Рама не само што урива еден значаен културно историски трационален споменик  со значење и за Европа, туку таа урива илузиите за еден правен систем во Албанија, рече албанскиот претседател Илир Мета, осудувајќи ја акцијата како злодело против законите и уставот на земјата и тоа не може да се прости.

По уривањето на објектот на Националниот театар во Тирана, на Фејсбук се огласи и премиерот Еди Рама, кон кого и опозицијата и актерите, а и претседателот на државата, го вперија прстот како главен виновник.

Рама објави видео запис на кој прикажува фотографии и прави споредба од протести против проекти на владата и сегашни фотографии, како изгледа детското игралиште, плоштадот Скендербег, новиот пазар, стадионот и други, а завршува со фотографија од стариот и како ќе изгледа новиот театар.

-Демонстрантите се истите оние луѓе кои протестираа и против други големи проекти. Оние кои протестираат за зачувување на зградата не сакаат развој на главниот град, напиша Рама.

Новиот изглед на театарот, проект на Владата на Еди Рама

Одлука за уривање на театарот ја донесе албанскиот Парламент во септемри 2018 година, со ветување од владата дека ќе изгради нов посовремен објект.

Театарот е дело на италијанскиот архитект Џулио Берте, изграден 1938/39 година по барање на албанското кралско семејство.