Срамота и бламирање, може да биде и полошо, тотално промашување, се само дел од реакциите на новогодишната видео честитка на Александар Вучиќ, кој всушност е реклама за политичките успеси на српскиот претседател. Чуда се можни со напорна работа, порачува Вучиќ.
Чудата ќе продолжат да се случуваат само ако Србија остане една голема, паметна и јака фамилија, вели Вучиќ во видеото, кое стана хит и предмет на потсмев на социјалните мрежи.
Самиот Вучиќ вели дека не е задоволен со својот настап:
Српскиот претседател и претходно се појавуваше во партиски спотови кои предизвикуваа разни реакции во јавноста.