Регион 11. август 2020. / 19:33

(ВИДЕО) Силно невреме зафати делови од Хрватска: За само еден час наврнаа 53 литри дожд

(ВИДЕО) Силно невреме зафати делови од Хрватска: За само еден час наврнаа 53 литри дожд

Силно невреме со грмотевици и врнежи од дожд зафати голем дел од хрватска Загора, делови од цетинскиот регион и во околината на Шибеник, објави порталот Далмација Данас.

Обилни врнежи од дожд се регистрирани на подрачјето на Биоково, каде локално за многу кратко време паднале до десет литри дожд на метар квадратен, а забележани биле и интензивни грмотевици.

На подрачјата зафатени од невреметото за кус период температурата се намали за над пет степени.

За помалку од еден час, екстремни 53 литри дожд на метар квадратен паднаа во Кистање, што предизвика изразени порои.