Регион 24. јули 2020. / 18:15

(ВИДЕО) Силно невреме зафати делови од Хрватска

(ВИДЕО) Силно невреме зафати делови од Хрватска

Хрватските метеоролози најавија голема промена на времето, што доведе до бројни предупредувања, вклучително и црвен метеоролошки аларм.

Обилен дожд и грмежи и поројни поплави се можни во Загреб и во Карловац за кои е издаден црвен сигнал.

Европскиот центар за прогноза на невреме (ESTOFEX) издаде остро второ ниво на предупредување за Италија, Словенија и западна Хрватска, најмногу заради можноста за силен и многу тежок град, силни ветрови налети и можни се и торнада.

Силно невреме го погоди попладнево северниот дел на Јадранот, јавува Далмација Данас. Според мрежата Pljusak.com, над 30 литри дожд на метар квадратен веќе паднале во делови на Истра, претежно на западниот брег.

Особено силно невреме го погоди Сењ, каде што беа поплавени улиците.

По пристигнувањето на невремето, температурите на воздухот паднале за повеќе од 10 степени.