Регион 05. август 2020. / 15:04

(ВИДЕО) Силно невреме во Хрватска и Црна Гора: Поплавени улици, скршени дрвја, откорнати кабли

(ВИДЕО) Силно невреме во Хрватска и Црна Гора: Поплавени улици, скршени дрвја, откорнати кабли

Силно невреме коешто од синоќа го зафати регионот рушеше покриви и кршеше дрвја во делови во Хрватска и Црна Гора и предизвика многу проблеми на граѓаните. За среќа, нема повредени и настрадани.

Најпогоден беше Славонски Брод и околината. Според хрватските медиуми, оштетена била и Железничката станица во овој град. Во еден момент бил регистриран ветер од 49 километри на час, а наврнале 17 литри дожд на метар квадратен.

Од невремето биле откорнати и кабли, па бил опожарен и покрив од куќа.

Силно невреме со обилни врнежи и силен ветер доцна погоди и повеќе делови од Црна Гора, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и помала материјална штета.

Како што пренесуваат медиумите, невремето почнало веднаш по полноќ и траело сѐ до раните утрински часови.