Регион 04. февруари 2020. / 12:36

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Хрватска

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Хрватска
Јутуб/скриншот

Загреб денеска е погоден од силно невреме пропратено со дожд и силен ветер кој кршел гранки, а засега не е познато дали некаде е причинета поголема штета/

Невремето ги изненади жителите на Загреб бидејќи во утринските часови ништо не наговестувало дека ќе има невреме, пренесува хрватскиот портал „Јутарњи“.

Метеоролозите, меѓутоа, предупредија дека се очекува промена на времето и забележителен пад на температурите.

Невреме ја зафати и Риека. Се очекува ударите на ветер да бидат од 60 до 100 километри на час, што е реткост за копнениот дел од Хрватска.

Интернет портал од Вараждин објави дека силен ветер откорнал големо дрво во двор на училиште, додавајќи дека никој не е повреден.