Регион 19. ноември 2020. / 11:33

(ВИДЕО) Шпигел го критикува нехуманиот однос над мигрантите од страна на Хрватската полиција

(ВИДЕО) Шпигел го критикува нехуманиот однос над мигрантите од страна на Хрватската полиција

Германскиот весник „Шпигел” објави статија во која тврди дека хрватски полицајци тепаат мигранти додека се обидуваат да ја преминат границата од Босна и Херцеговина.

Покрај сведочењето на мигрантите, тие објавија и видео на кое се гледа претепан мигрант од босанската страна на границата во влажни панталони и без обувки и униформирани лица од другата страна.

„Шпигел” спроведе неколкумесечно истражување во соработка со холандската независна медиумска организација „Лајтхаус рипортс” (Lighthouse Reports). Тие го реконструираа патот на мигрантот Ибрахим и разговараа со уште три лица со кои патуваше.

Весникот тврди дека нивното истражување открива вознемирувачки степен на насилство, што стана норма на надворешните граници на ЕУ.

Според „Шпигел”, ЕУ досега ги игнорираше кршењата на правата на хрватската граница.