Регион 24. февруари 2019. / 21:05

(ВИДЕО) Шокантно: Маж демолираше автобус полн со патници

(ВИДЕО) Шокантно: Маж демолираше автобус полн со патници

Неверојатен инцидент во Сплит. Маж застана пред градскиот автобус и без никаква причина почна да го крши автобусот во кој се наоѓаа патници.

Тој најпрво го искрши ветробранското стакло, по што продолжи да ги крши другите стакла на автобусот.

Возачот за врме на инцидентот ја заклучи вратата, ја повика полицијата и снимаше сè што се случува, а луѓето од страв се повлекоа во задниот дел од автобусот и чекаа да дојде полицијата.

Сеуште не се познати причините за однесувањето на разбеснатиот маж.