Регион 17. септември 2019. / 12:13

(ВИДЕО) Разбојници со динамит разнеле банкомат

(ВИДЕО) Разбојници со динамит разнеле банкомат

Силна експлозија рано изутрината ги вознемири жителите на Ријека. Разбојници со експлозивна направа кренале во воздух банкомат на „Ерсте банк“ и заминале во непознат правец, пренесува „Нови лист“.

Во тек е истрага на местото на настанот после која ќе се знае дали крадците успеале да го испразнат банкоматот и колкава количина на пари е украдено.