Регион 21. декември 2018. / 11:43

ВИДЕО: Расте бројот на жртви во железничката несреќа кај Ниш

ВИДЕО: Расте бројот на жртви во железничката несреќа кај Ниш

Бројот на жртви во несреќата во која воз преполови патнички автобус , се зголеми на 5 лица , а 10 се борат за живот.

Во клиничкиот центар во Ниш се примени 26 пациенти , од кои десетмина се во тешка состојба. До несреќата дошло кога возот удрил во патнички автобус , со кој се возеле деца на училиште во близина на Ниш.

Во несреќата загинало едно дете , а деца има и меѓу тешко повредените. Според српските медиуми железничкиот премин , каде минувал автобусот , бил незаштитен.