Регион 05. март 2019. / 11:18

(ВИДЕО) Пукна аквариум врз гости во кафуле во Никшиќ

(ВИДЕО) Пукна аквариум врз гости во кафуле во Никшиќ

Бизарна случка вознемири двајца гости кои седеа и разговараа во едно кафуле во црногорскиот град Никшиќ.

Имено, во еден момент пукна стакло од големиот аквариум што се наоѓа зад нивната маса, а сето тоа беше регистрирано од безбедносната камера.

Како што пренесува црногорскиот портал, Антена М, инцидентот се случил во тукушто реновирано кафуле.