Регион 27. декември 2020. / 11:02

(ВИДЕО) Првата жена која се вакцинираше во Хрватска: Не осетив ништо, секој треба да ја прими

(ВИДЕО) Првата жена која се вакцинираше во Хрватска: Не осетив ништо, секој треба да ја прими

Откако вчера во хрватскиот институт за јавно здравје пристигнаа првите 9.750 дози на вакцина против Ковид-19, од компанијата Фајзер-БионТек, беше извршена првата вакцинација.

Првите вакцини ќе се употребат за лицата во старечките домови и во здравствените установи. Приоритет е заштитата на најзагрозените и најизложените – стари и изнемоштени лица и вработени во здравствени и социјални институции.

Прва што ја прими вакцината беше жена (81) од Домот за стари лица во Трешњевка.

– Да, јас сум првата жена што се вакцинираше. Не чувствував ништо. Сега повторно сите можеме да продолжиме да уживаме во нашите животи. Вакцинирајте се за доброто на вашите семејства, за себе и за сите постари луѓе. Не смее да има луѓе кои ќе се сомневаат во тоа. Тоа е единственото решение, изјави штитеничката.

 

На вакцинацијата присуствуваа премиерот Пленковиќ, градоначалникот на Загреб Бандиќ, министерот Аладровиќ и шефот на хрватскиот институт за јавно здравје Чапак.