Неколку часа во Драч се регистрираат обилни дождови. Поплавени се многу населби и главни и споредни патишта.
Во многу области, водата достигна околу 30 сантиметри и предизвика штети за бизнисите, јавуваат локалните медиуми.
На видео кое го објави „ДурсЛајм“ е гледа како двајца пожарникари , во близина на Индустрискиот пазар, туркаат возило Форд Фокус.
Според порталот, тие откако го истуркале возилото на сигурно, се погрижиле возачот безбедно да стаса во својот дом.