Регион 18. септември 2019. / 13:43

(ВИДЕО) Политичар е уапсен додека стоел на покривот од автомобилот – бил употребен и солзавец

(ВИДЕО) Политичар е уапсен додека стоел на покривот од автомобилот – бил употребен и солзавец

Марко Милачиќ, лидер на Права Црна Гора уапсен е денеска околу 11.30 часот во центарот на Подгорица.

До апсењето дошло по инцидент, кога полицијата го сопрела неговото возило во кое имало реквизити за перформанс пред зградата на Врховното државно обвинителство на Црна Гора.

кога дошол „пајакот“ да го отстрани автомобилот на Миличиќ тој се качил на возилото, а потоа и на покривот на партиското возило каде одржал „посмртен говор“ и „умреното црногорско правосудство“.

Полицијата се обидела да го убеди да се симне, но откако тој одбил со интервенција, бидејќи се држел за сајлата од „пајакот“, а потоа и со солзавец-спреј бил совладан.

Ставени му се „лисици“ и однесен е од полицијата, пренесе „Новости“