Регион 06. март 2021. / 14:03

(ВИДЕО) Полицијата во Атина со солзавец и водени топови против демонстрантите

(ВИДЕО) Полицијата во Атина со солзавец и водени топови против демонстрантите

Со мали инциденти и со приведени заврши денешниот протест, во рамките на секојдневните собири за поддршка на барањата на осудениот лидер на терористичката организација „17 ноември“ Димитрис Куфодинас.

Инцидентите се случија кога полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите да стигнат до централниот плоштад Синтагма и употреби солзавец и водени топови. Од страна на безбедносните служби, приведени се повеќе лица, меѓу кои и синот на Куфодинас.

Лидерот на „17 Ноември“, осуден на 11 доживотни затворски казни од 8 јануари штрајкува со глад, веќе две седмици одбива да прима течности, а од вчера е во критична состојба.