Хрватска не случајно се одлучила да набави борбени авиони од типот Ф-16 Барак, бидејќи претставуваат значајно надоградување на американскиот Ф-16 Ц/Д блок 30.
Сите надоградувања и подигнувањето на авионот на ниво “Барак 2020”, го изедначува овој “ѕвер” со можностите на Ф-16и.
Овие авиони, Хрватска ги купува од Израел, а во цената добива и симулатор за летање, обука на 8 пилоти, 40 техничари и 5 инженери, почетен пакет на резервни делови и вооружување, опрема, изградба и прилагодување на хангар и три години логистичка поддршка од Израел.