Еден ден откако временските прилики малку се смирија Далмација одново погодена од бури.
После пладне беа забележани првите удари на невреме, а од 21 часот најсилните ветрови беа измерени во Сплит, чија силина на удар изнесуваше 140 километри на час.
Локалните медиуми пренесуваат дека е можно низ градот Умаг на полуостровот Истра да преминала „пијавица“ (торнадо над вода). Се уште се проверуваат информациите и се додава дека е забележана огромна штета во градот.
Настрадале дрва и покриви од зградите, гранки се расфрлани насекаде по улиците, а Умаг потоа беше погоден од силен дожд.
Заради ветрот во прекин се бројните траект, катамарански и бродски линии. На отвроено море веќе се развиени повеќеметарски бранови.
Популарниот Југо дополнително ќе се засили за време на викендот, а пикот се очекува да го достигне во недела наутро. Државниот хидро-метеоролошки завод за утре издаде црвен аларм за целото крајбрежје.