Регион 11. јули 2019. / 17:21

Видео од ураганот на Халкидики – ветерот однел се пред себе

Видео од ураганот на Халкидики – ветерот однел се пред себе

Халкидики вчера беше погодено од незапамтено невреме со ветер од дури 120 километри на час, кој спаѓа во ураган од прва категорија.

Според последните податоци загинале најмалку 7 лица, меѓу кои и две деца, а повредени се околу 120 лица.

 

Ветерот кој го погоди полуостровот достигнал брзина од најмалку 100 километри на час, а со себе носел столици, маси, корнел дрвја од земјата, ги фрлал на возилата и рестораните.

Една Романка настрадала кога ветерот на таверната фрлил киоск, па кровот и паднал директно на главата. Син и (8) се обидел да и помогне, но ветерот го подигнал и силно отфрлил на земја, после што и детето починало.