Регион 07. ноември 2018. / 22:31

(ВИДЕО) Од аеродром директно во затвор: Хрватска конечно го фати бизнисменот Тодориќ

(ВИДЕО) Од аеродром директно во затвор: Хрватска конечно го фати бизнисменот Тодориќ

Тодориќ е екстрадиран од Британија, точно по една година од акцијата на обвинителството и полицијата, кои најдоа низа нелегални трансакции во фирмите на Тодориќ и неговите синови.

Тој лани избега во Лондон, од каде вечерва е екстрадиран и однесен од аеродромот во Загреб директно во затворот Реметинац. Како што јавуваат жрватските медиуми, Ивица Тодориќ патувал од Лондон со комерцијален лет и бил одвоен со полицајци од другите патници.

Полицијата вечерва објави и официјално соопштение во кое наведува дека дека 67 годишен хрватски државјанин е предаден во Хрватска од властите во Британија.

Тој е предаден на хрватските власти врз основа на налог од Обвинителството поради кривична постапка за злоупотреба на доверба во финансиското работење , повреда на обврскатаз а водење деловни и финансиски книги и фалсификување службена и деловна исправа.