Регион 19. јануари 2020. / 16:39

(ВИДЕО) Новинар од Хрватска без проблем купил Калашников на црниот пазар

(ВИДЕО) Новинар од Хрватска без проблем купил Калашников на црниот пазар

По трикратното убиство со автоматска пушка минатиот викенд во Сплит, новинарите на „Јутарњи лист“ одлучиле да се обидат да набават калашников (АК-47) на црниот пазар без никаква дозвола.

„Калашников. Можеме ли да купиме калашников?“, ме праша уредникот , пишува новинарот Марио Пусиќ и се сеќава на неговиот одговор: „Не знам, никогаш не сум бил во таква ситуација. Можеме да се обидеме“. Тоа беше вторник, доцна попладне, три дена по масакрот во Сплит, објаснува новинарот на „Јутарњи лист“.

Во петокот, малку по 20 часот во багажникот од неговиот автомобил имал АК-47, рамка полна со куршуми, и додаток за цевка со тромблон.

Набавката била  извршена за само 50 часа во центарот на Карловац, а пушката чинела 600 евра.