Регион 17. јули 2018. / 14:39

(Видео)Невреме во Хрватска, откорнати дрвја и една човечка жртва

(Видео)Невреме во Хрватска, откорнати дрвја и една човечка жртва

Силно невреме синоќа го погоди подрачјето на Шибеник, пришто еден човек го загуби животот.

Хрватските медиуми пишуваат дека итните служби интервенирале во текот а целата ноќ, а ветрот корнел дрва и покриви.

„Според нашата евиденција утрово до 6 часот, на подрачјето на Шибеник и Бродарица, оштетени се 16 автомобили“, изјави службеник од центарот на Итната служба.

Пријави за уништени возила, меѓутоа, пристигнале и по шест часот.