Навивачите на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда синоќа пред амбасадата на Црна Гора во Белград го палеа црногорското знаме.
„Делиите“ по натпреварот меѓу Црвена ѕвзеда и Баерн во спортската хала “Арена“, се упатија кон црногорската амбасада каде ги дочека друга група. Откако илјадници „делии“ ја отпеаа српската химна „Боже правде“ следеше обид за палење на црногорското знаме со огномет.
Притоа „делиите“ ги повикаа и другите навивачки групи да им се придружат на нов протест закажан за 17 јануари.
На протестот имало полицијаци во цивилки, но не и униформирана полиција, јавија српските медиуми.
По протестот навивачите мирно си заминаа.