Регион 16. јануари 2019. / 16:30

(ВИДЕО) Министерот за одбрана на Хрватска збесна – фрли макета од авион

(ВИДЕО) Министерот за одбрана на Хрватска збесна – фрли макета од авион

Драмата околу набавката на Ф-16 авионите во Хрватска се продолжува и покрај пропаднатиот договор.

Почнаа и да се фрлаат авиони, поточно макети од авиони.

Хрватскиот „Индекс“ пренесува дека министерот за одбрана на Хрватска Дамир Крстичевиќ “потполно подивел во парламентот. Луто и со викотници, на подот нервозно фрлил макета на авион која ја донел Франко Видовиќ, членот на СДП“.

Кога една му предал на Пленковиќ, Крстичевиќ втората бесно му оттргнал од раце и ја фрлил на подот.

Јас сум воен генерал, сега сум министер за одбрана….Мора да разберете дека сум војник. Верувајте ми во овој процес Хрватска направи се да го реши овој проблем кој е важен за Хрватска. Гледате што се прави, каква кампања се води. Не е легитимно да ми носи макети. Тоа е понижување. Така не се постапува со војник. Требаше да им однесам на СДП, МиГ-21 – низ солзи прокоментирал Крстичевиќ пред новинарите.