Поранешниот претседател на косовскиот парламент и екс-портпарол на ОВК, Јакуп Крансиќи, на првото судско рочиште против него, во Специјализираниот суд во Хаг, рече дека неговиот ангажман било борба против окупаторот, а не против поединци.
Тој рече дека не е виновен и дека му се прави голема неправда.
Одлучив да не ангажирам адвокат и бев уверен дека тој не ми е потребен. Меѓутоа моето семејство и пријателите сакаа да имам бранител и јас го прифатив тоа. Јас не сум одговорен за ниту едно од обвиненијата кои ми се ставаат на товар, рече тој.
Поранешниот претседател на косовскиот парламент и екс-портпарол на ОВК додаде, неговите должности биле јавни, а главната му била да биде портпарол на ОВК.
– Подоцна бев задолжен и за други работи, но она на што работев со најголемо задоволство беше извршувањето на функцијата портпарол на ОВК. Јас и дадов глас на борбата која ја водеше ОВК, бевме одлучни и имавме право да се бориме за Косово и поради тоа право и добивме меѓународна поддршка. Ништо во обвинението не е точно и во наредните денови и месеци јас ќе се потрудам тоа да го докажам. Не е праведно што сум тука. Ако било што од она што се споменува во обвинението е вистина јас би се срамел, наведе тој.
Обвинението против Красниќи беше потврдено на 26. октомври 2020, по што на 4. ноември беше спроведен во Хаг се товари за воени злосторства и злосторства против човештвото според меѓународното право, за различни облици на кривична одговорност.