Хрватскиот опозициски пратеник, Иван Пернар повторно на раце беше изнесен од Собранието, откако почна да извикува „Сведоци умираат, а ХДЗ краде“. Пернар, за кого се знае дека почесто е во рацете на собраниското обезбедување отколку во парламентарните клупи, запраша зошто судењата во Хрватска траат толку долго, што и сведоците умираат.
Жал ми е што го користите истиот модел на самопромоција, испраќате многу грда порака, му одговори Милијан Бркиќ (ХДЗ), кој претседаваше со седницата и ги замоли членовите на собраниското обезбедување да му ја покажат „излезната врата од салата“.
ХДЗ украде 24 милиони куни преку Фими Медија, со смртта на Невенка Јурак, умре главниот сведок во тој судски процес. Многу е веројатно дека ХДЗ никогаш нема да биде осуден за ова. Ќе ги задржат парите што ги украле, викаше Пернар додека го изнесуваа од салата.