Регион 04. август 2020. / 18:35

(ВИДЕО) Хрватска погодена од големо невреме кое носеше покриви од куќи и рушеше дрвја

(ВИДЕО) Хрватска погодена од големо невреме кое носеше покриви од куќи и рушеше дрвја

Славонски Брод и околината денес беа погодени од големо невреме кое носеше покриви од куќи и рушеше дрвја.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, оштетена била и Железничката станица, а бројни стебла биле срушени на повеќе места. Наврнало 17 литри дожд на метар квадратен, а во еден момент бил регистриран налет на ветар од 49 километри на час.

Како последица на невремето, откорнати биле и кабли и дошло до електричен спој и пожар на покрив од куќа, но за среќа нема повредени.