Во Црна Гора, на околу 50 метри од плажата на хотелот „Иберостар“, во морето се излеваат отпадни води од хотелот, тврдат мештаните.
Во краткото видео кое еден од мештаните го испратил до Радио Јадран, на околу 50-100 метри од хотелот се гледа преполовена, односно недовршена цевка од која излегуваат непреработени фекалии, а парчиња тоалет хартии се јасно воочливи.
Од Комуналната полиција во Херцег Нови наведуваат дека досега не биле запознаени со овој случај затоа што немало официјални пријави од граѓаните, но додале дека во текот на денот ќе излезат на терен.