Регион 15. март 2020. / 10:05

(ВИДЕО) Граѓаните на Тирана аплаудираат како блчагодарност за здравствените работници

(ВИДЕО) Граѓаните на Тирана аплаудираат како блчагодарност за здравствените работници

Граѓаните на Тирана се приклучија кон иницијативата секојдневно во јавен тв-пренос од своите балкони 15 минути да аплаудираат за сите лекари и медицински сестри кои се справуваат со заразата со корона вирус.

Граѓаните на тој начин им се заблагодаруваат на лекарите и медицинските сестри за нивните напори низ цела Европа, јавува АТА.

Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави оваа иницијатива за телевизиско емитување, повикувајќи ги сите семејства во Тирана и низ целата земја да ги пoздрават своите сестри и лекари кои се борат со корона вирусот од нивните балкони во 17.30 часот.

Во оваа земја бројот на зарaзените од корона вирусот е 38 лица, од кои 22 се во Тирана. Еден од досега дијагностицираните, 73-годишна жена од Драч веќе почина, а во тешка здравствена состојба се уште две лица.