Регион 26. февруари 2019. / 13:29

(ВИДЕО) Голем пожар во Тузла

(ВИДЕО) Голем пожар во Тузла

На градскиот пазар во Тузла изби голем пожар, а засега не е познато дали има повредени, велат од институциите.

-Во краток временски период, огнот зафатил поголем дел од пазарот, а причината за избивањето на пожарот уште не е позната- пренесе „Клих.ба“.

Сите расположливи противпожарни екипи се наоѓаат на терен и се обидуваат да го сопрат ширењето на огнот.