Неколку членови на парламентот во Косово денеска физички се пресметаа за време на седницата на која се дискутираше за исчезнатите лица.
Според албанските медиуми, ситуацијата се случила непосредно пред крајот на седницата, додека членот на Советот за самоопределување, Сара Богујевци, кој беше иницијатор на седницата, се обрати на говорницата.
Заменик претседателот на собранието Арберија Нагавци, неколку пати ги предупредуваше пратениците да седнат за да продолжи седницата.
Специјализираното обвинителство на Косово со седиште во Хаг го извести судот дека има неколку изјави на 103 сведоци против Хашим Тачи и другите членови на ОВК. Се тврди дека обвинението се темели на нивните сведоштва, меѓу другите докази.
Одбраната вчера објави дека ќе побара да им се укине притворот и можност одбраната да ги изнесе своите против-аргументи до судот за нивно привремено ослободување.
Обвинителството потсетува дека во времето наведено во Обвинението, осомничените им биле претпоставени на многу потенцијални сведоци на Обвинителството и дека тие продолжиле и понатаму да имаат високи позиции на авторитет и влијание.