Регион 24. август 2020. / 13:51

(ВИДЕО) Експлодираше бомба подметната под автомобил: Тешко повреден маж во Подгорица

(ВИДЕО) Експлодираше бомба подметната под автомобил: Тешко повреден маж во Подгорица

Во експлозија на бомба во Подгорица, подметната под автомобилот со кој управувал тешко е повреден Гојко Вукчевиќ (31), објавија црногорските медиуми.

Според сознанијата на порталот Стандард, Вукчевиќ според евиденцијата на полицијата важи за безбедносно интересно лице.

Возилото марка голф 6 е кренато во воздух денеска претпладне, во подгоричката населба Забјело.

Возилото целосно изгоре во пожарот од експлозијата.

На самото место пристигнале инспектори од криминалистичката полиција на Центарот за безбедност на Подгорица и крим – техничари, кои вршат увид.

Од управата на полицијата соопштија дека Вукчевиќ е транспоротиран во Клиничкиот центар на Црна Гора. Нема информации за неговата здравствена состојба.

Полицијата од блиските куќи го прегледува видео надзорот и земја изјава од очевидци.