Регион 26. февруари 2020. / 12:16

(ВИДЕО) Црногорци паднаа во Венецуела со еден тон кокаин: Со дрогата тргнале за Солун

(ВИДЕО) Црногорци паднаа во Венецуела со еден тон кокаин: Со дрогата тргнале за Солун

Во водите на Венецуела на бродот Ареса запленети се еден тон кокаин и уапсени се црногорски државјани, соопшти денеска Управата на полицијата на Црна Гора.

Како што истакнуваат од полцијата, станува збор за повеќемесечна меѓународна акција која била иницирана од црногорската полиција во соработка со холандската, британската и српската полиција.

Управата на полицијата на Црна Гора на Твитер објави фотографии од заплената и истакна дека се пронајдени еден тон кокаин и уапсени се црногорски державјани.

Медиумите од соседството пренесуваат дека се уапсени седум лица, меѓу нив и капетанот на бродот. Бродот, наводно, патувал од пристаништето Гуарнао во Венецуела кон Солун.