Регион 02. мај 2018. / 18:16

(ВИДЕО) Албанци направија неред на црногорската граница – блокиран граничниот премин

(ВИДЕО) Албанци направија неред на црногорската граница – блокиран граничниот премин

Црногорската полиција не им дозволи на работници од Албанија да ја поминат границата со Црна Гора, барајќи со себе да носат најмалку 50 евра за влез во земјата.

Околу 50 работници револтирани од одлуката на црногорската полиција го блокираа патот на три часа кај неутралната зона, помеѓу двете граници.

Медиумите наведуваат дека се работи за физички работници кои работат во Црна Гора за дневница од 15 евра. Наводно, тие ја минуваат границата наутро и се враќаат уште вечерта.