Регион 25. октомври 2018. / 10:34

Вицепремиерот на црногорската влада бара полумесечината да стане државен симбол

Вицепремиерот на црногорската влада бара полумесечината да стане државен симбол

Потпретседателот на црногорската влада и претседателот на Бошњачката партија Рафет Хусовиќ рече дека полумесечината треба да биде државен симбол, но за тоа нема да ги уценува коалиционите партнери.

-Со додавањето на полумесечината која е симбол на исламот докажуваме дека државата е граѓанска, дека созреавме како мултиетничка Црна Гора, рекол Хусовиќ.

Тој објасни дека оваа идеја е запишана во партиските акти.

Пратеникот од Демократскиот фронт Милан Кнежевиќ потсети дека дел од делегатите од БП на партискиот конгрес седеле за време на интонирањето на химната и барале измени на државниот грб.