За централниот дел на Црна Гора за утре е прогласен црвен метеоаларм заради невреме, додека во останатите делови од земјата ќе биде портокалов. Од Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија за утре најавуваат дождливо време, со грмотевици. За вечерта се најавуваат послаби врнежи.
Директоратот за вонредни ситуации вчера ги повика граѓаните и надлежните служби да внимаваат заради најавеното невреме со силен дожд и ветар. Од таму наведуваат дека подрачјето на Црна Гора до 10 ноември ќе биде под серија на силни циклонски активности со врнежи од дожд.